недела , 22 октомври 2017
karadzovski

Вонредно оценување на кандидатите за претседатели на судовите

Судскиот совет на Република Македонија на денешната затворена седница донел одлука да изврши вонредно оценување на кандидатите за
претседател на Основниот суд Скопје 1 Скопје и на Врховниот суд на РМ.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, по седницата изјави дека според Законот за судски совет може да се изврши вонредно оценување на кандидатите за претседатели. Додаде дека ваква одлука била донесена бидејќи во изминатите две години, во согласност со
новиот Закон за судскиот совет, немало оценување на судиите.

– Со измените на Законот за судски совет од 2015 година, оценувањето на судиите се врши на две години. Имајќи предвид дека последните оценувања биле во 2013 и во 2014 година, а сега е крај на 2016 година, одлучивме во согласност со законските одредби да направиме
вонредно оценување, изјави Караџовски.

Додаде дека вонредното оценување ќе се врши со постапка како за редовно оценување, односно судиите ќе добијат решение на кое ќе имаат право на приговор.

За вонредната проверка на кандидатите веќе е формирана комисија, која ќе почне со работа во најкус можен рок. Краџовски им порача на кандидатите за претседатели на судови да се воздржат од јавни изјави со цел да се зачува угледот на судската функција.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …