среда , 28 јуни 2017
avganistan

Вооружени напаѓачи упаднаа во зграда на авганистанската државна телевизија

Група вооружани напаѓачи денеска упаднаа во зградата на авганистанската државна телевизија РТА во градот Џалалабаду во источниот дел на земјата.

Како што соопшти портпаролот на провинцискиот гувернер Атаулај Хугхјани, при инцидентот напаѓачите се судриле со припадници на обезбедувањето на зградата.

Според Хугхјани, во зградата на РТА упаднале тројца напаѓачи, при што двајца од нив загинале, додека третиот е во бегство.

Западни медиуми јавија дека двајцата загинати напаѓачи се саморазнеле активирајќи ги експлозивите што ги носеле на себе.

Снимател на РТА изјави дека успаел да побегне од зградата кога слушнал истрели, но дека негови колеги останеле заробени во зградата.

Засега никој не ја презеде одговорноста за овој напад во провинцијата Нангархар, каде се активни борците на групата Исламска држава.

Слични написи

svleciste

Свлечиште во Кина зтрупа 40 куќи, 141 лице се водат за исчезнати

Најмалку 141 лице се водат како исчезнати откако поројни дождови предизвикаа лизгање на земјиштето во Југозападна …