петок , 22 септември 2017
1025614731

Ворен: За уништувањето на Исламска држава во Ирак ќе бидат потребни три до пет години

1025614731За уништувањето на групата Исламска држава во Ирак ќе бидат неопходни најмалку три години, изјави Стив Ворен, портпарол на командата на меѓународната коалиција, предводена од САД, која изведува воздушни напади врз ИД во Ирак и Сирија, цитиран од ТАСС.

-Уништувањето на ИД ќе одземе од три до пет години, смета Ворен.

Тој, меѓутоа, додаде дека ИД веќе не е толку силна и организирана колку што беше во текот на 2014 година и во последно време ирачките војници, со воздушната поддршка од авионите на меѓународната коалиција, успеале да постигнат значајни успеси во борбата со екстремистите.

ИД и натаму контролира една третина од територијата на Ирак, потсетува ТАСС.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …