недела , 22 октомври 2017
zena-povredena500

Возачот кој усмрти жена во Прилеп и избега денес е пронајден

zena-povredena500
Денес е пронајден возачот кој пред четири дена на пешачки премин во Прилеп ја изгази Љубинка А. која што наредниот ден на една од клиниките во Скопје им подлегна на повредите поради сериозноста.

Возилото го управувал Пеце М. поранешен полицаец кој минатата година бил суспендиран поради примање на мито.

Тој со возило на фирмата каде што работел во понеделникот во центарот на Прилеп ја удрил сегапочинатата Љубинка А. и избегал од местото на несреќата. На местото на несреќата имало голем број на сведоци а највероватно е откриен со помош на некоја од камерите кои што се поставени на некои од дуќаните на таа улица.

Пеце М. во полиција е вработен со трансформацијата на специјалната единица “Лавови”, но поради прекршувањето на законите лани истиот е суспендиран.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …