понеделник , 25 септември 2017
11okt-nagrada

Врачена државната награда „11 Октомври“

11okt-nagrada
Во Собранието на Република Македонија денеска беше врачена државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста и во образованието и науката.

Добитници на наградата „11 Октомври„ за 2015 година се писателот и академик Митко Маџунков во областа на културата и уметноста, а во областа на науката и образованието ја добија проф. д-р Никола Јанкуловски, дигестивен хирург, проф. д-р Махмуд Хиса, професор по албански јазик и на проф. д-р Марјан Димитријевски, историчар и научен работник.

Секое постигнување на полето на науката, културата, уметноста, здравството, секој напишан труд, поема, роман, насликано дело, спасен живот…, според Надица Митреска член на Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“, претставува уште едно востание за уште една извојувана побеада за креативност, оригиналност и изразување.

– Оддавањето признание за овој современ тип на борба, претставува акт на поддршка на современата македонска држава на прогресот и демократијата. Се надевам дека државната награда „11 Октомври“ уште долго ќе претставува симбол на независна, слободна, демократска Република Макеоднија и ќе биде показател на стремежот кон хармонија и напредок, рече Митреска.

На Доделувањето на наградата присуствуваа претседталот на Република Македонија Ѓорге Иванов, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, пратеници…

Наградата „11 Октомври“ е највисоко признание за животно дело во областа на науката,  уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …