недела , 22 октомври 2017
25_5_2014_prognoza_kisa

Време: Претпладне сончево, попладне пороен дожд

25_5_2014_prognoza_kisa

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Врнежите ќе бидат распространети низ земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен и источен правец.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 22 степени, а дневната од 30 до 37 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи.  Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе се искачи до 35 степени.

Во петок и деновите од викендот ќе преовладува слично време. Поизрезена нестабилност се очекува во понеделник.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …