вторник , 25 јули 2017
soncevo-vreme_20147192625

Времето денеска топло и стабилно со слаб ветер

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево време, со слаб до умерен ветер од северен правец, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија (УХМР). УВ-индексот ќе биде 9.

Температурата денеска ќе биде, во просек, за 2 до 3 Целзиусови степени повисока од вчера, па најниската температура што ќе биде забележана во дневниот просек е 23 степени на крајниот запад на земјава, додека на крајниот исток ќе се движи околу 26 Целзиусови степени.

Во Охридско-струшкиот Регион максималната температура што се очекува ќе биде 28 степени, во Пелагонија 30 степени, а еден степен повисока максимална температура се предвидува за Скопје.

Во централните делови на Македонија температурата ќе се движи околу 33 степени, а највисоката денеска ќе биде на крајниот југоисток на земјава, со 34 Целзиусови степени.

И во наредните денови ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, вели прогнозата на УХМР.

Слични написи

image-0-02-05-24287f281545733e143196a6dc667acc32ba038649d55d7ed1db03937039a43d-V

Едночасовен застој кај Удово, возилата пренасочени кон Јосифово

Околу еден час има застој на патот Удово-Марвинци. Големата колона на возила од Удово се …