сабота , 21 октомври 2017
vmroSediste-685x320

Врховниот суд денеска ќе одржи расправа по барањето на СЈО за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ

По минатонеделното одложување од „технички причини” Врховниот суд денеска ќе одржи расправа по барањето на СЈО за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ.

Со ова барање, СЈО сака да се преиспита одлуката на Кривичниот суд со која е одлучено да не се замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ. СЈО  барањето за заштита на законитоста го поднесе затоа што се сомневаа дека имотот на оваа партија е стекнат на незаконски начин. Како што истакна обвинителката Ленче Ристовска, расправата за овој предмет е одложена од технички причини и треба да продолжи во понеделник.

СЈО во мај поднесе две барања до Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 за обезбедување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, односно за определување на привремена мерка – забрана за отуѓување и оптоварување на дел од недвижен имот кој потекнува од извршено кривично дело. Кривичниот совет во двата наврати го одби барањето на СЈО. Последната динстанца каде можеше да се обрати СЈО е Врховниот суд.

Инаку, во случајот „Талир“ првоосомничен е Никола Груевски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Кирил Божиновски, Илија Димовски, Даниела Рангелова, Александар Бичиклиски, Емил Димитриев, Миле Јанакиески, Иво Котевски, Илија Ристовски, Билјана Бришкоска – Бошковски, Леко Ристовски и Елизабета Чингаровска.

Според предистражната постапка на СЈО, од 2009 до 2015 година осомничените прифатиле незаконски средства за финансирање на партијата во вредност од 4,9 милиони евра. Овие пари, наместо да се вратат во буџетот како што налага законот, биле искористени за незаконско финансирање на партијата.

За да се „исперат“ овие пари, според СЈО, биле користени различни начини, а еден од нив биле наводни уплати на жиро-сметките на партијата од различни физички лица под превозот „донации“ и „членарини“.

Со овие средства, меѓу другото, биле склучени 71 договори за купување недвижен имот, а дел од овој имот не се користел за партиски, туку за приватни цели.

Катица Јанева не поднесе обвинение за предметот „Талир“, но најави дека ќе ја продолжи истрагата за незаконското финансирање на партијата која десет години беше на власт. Изминатите години ВМРО-ДПМНЕ се стекна со огромен имот и стана најбогата политичка партија во Европа.

СЈО за поднесените 17 обвиненија до сега од судот не добило нити еден одговор дали се прифатени или не.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.