петок , 22 септември 2017
vucic-u-640x320

Вучиќ: Нема да го расипувам пријателството со Германија

vucic-u-640x320
Српскиот премиер Александар Вучиќ, изјави, по новите услови наметнати со германскиот амандман за преговарачката платформа за поглавјето 35 во преговорите со ЕУ, дека „попрво ќе замине од владата, отколку да го расипе пријателството со Германија“, јави Танјуг.

Вучиќ рече и дека нема да се откаже од европскиот пат, но и оти нема да дозволи да ја уценуваат Србија.

Извор на „Курир“ од бриселски дипломатски извори, меѓутоа, вели дека Србија има шанси да се избори за подобри преговарачки услови.

– ЕК за нацртот на поглавјето 35 ќе расправа до декември. Белград може да лобира и да ги искористи земјите кои не го признаа Косово дека предложи други амандмани кои би оделе во корист на државата, вели изворот.

Германија не бара од Србија да ја признае независноста на Косово, како услов за отворање на преговарачките поглавја со ЕУ, изјави вчера германскиот амбасадор во Белград Аксел Дитман.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …