недела , 20 август 2017
studenski

За 6,5% проценти помалку студенти и ученици во студентските домови

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2016/2017 година, вкупниот број на ученици- студенти сместени во домовите за ученици во основното и во средното образование и во студентските домови изнесува 6755 што претставува намалување за 6.5% во однос на 2015/2016 година. Во домовите за ученици кои посетуваат средни верски училишта се сместени 256 ученици.

Со годишните извештаи се опфатени 37 домови: домовите за ученици во основните училишта, домовите за ученици во средните училишта, домовите за ученици во средните верски училишта и студентските домови.

Домовите за ученици и студентските домови обезбедуваат сместување, исхрана и воспитание на ученици и студенти за време на школувањето вон местото на постојано живеење на родителите – издржувателите.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …