петок , 22 септември 2017
nova vlada

За министрите од новиот владин состав во СЈО нема истрага

Нема истрага ниту обвинение за ниту еден министер од новиот владин состав, велат од Специјалното јавно обвинбителство. Ова е одговорот на барањата што вчера СДСМ ги поднесе до СЈО во кои бараше одговор дали за некој од новите министри СЈО има обвинение или се води истрага, објави 24 вести.

Одговорите се веќе пратени во Собранието и според информациите од парламентарното мнозинство токму вечерва Заев се очекува да ги каже во завршното обраќање пред гласањето за новата Влада. Од СЈО велат дека не можат да откриваат дали за некого има предистражана постапка.

„Барањата од мандатарот Зоран Заев ги примивме вчера попладне.Одговорите се испратени во Собранието. Против никого од имињата што се наведени во списокот нема истрага ниту обвинение. Во однос на предистражните постапки, не смее да се даваат информации оти се тајни и тоа е така во секое обвинителство. И да се бараше таква информација, тоа нема да се соопшти, оти е тајност“. – велат од СЈО.

Лидерот на СДСМ и иден премиер Зоран Заев изјави дека барањата нема да бидат испратени и до Основното јавно обвинителство се додека во целото судство вклучително и во Основното јавно обвинителство како што рече не се направат реформи.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …