вторник , 26 септември 2017
ass

За мрзливи: Затегнете го задникот додека седите

ass
Оваа магична вежба ќе ви помогне на едноставен и брз начин да го затегнете задникот на работното место или дома додека одмарате.

Кој вели дека мора да одите во фитнес клуб или теретана за да имате затегнат задник? Вежбите можете да ги правите и додека седите на работа, во автомобилот, дома, додека стоите во ред или чекате на семафор.

Стегнувањето на мускулите на задникот додека седите и работите било каква работа, може совршено да го обликува овој дел од телото. Експертите велат дека за време на ваквата активност доаѓа до исти контракции на тие мускули, како кога се вежба со тегови.

Целата вежба се состои од тоа глутеалните мускули цврсто да ги стегнете, да изброите до 20 или 30 и потоа да ги опуштите. Вежбата треба да ја повторувате со сè подолго стегање на мускулите. Целта е да достигнете 60 секунди, но паузите помеѓу контракциите да не бидат подолги од 5 до 10 секунди.

Корисна е поедноставна варијанта на оваа вежба која се состои од наизменично кратко стегнување и опуштање, со најмалку 15 повторувања. Затегнувањето на глутеалните мускули истовремено ги зајакнуваат и мускулите на карличниот појас.

Фатете се за работа и не заборавајте повремено да вежбате без никој да ве забележи!

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …