понеделник , 23 октомври 2017
vmroSediste-685x320

За среда Центар најави инспекциски надзор на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

vmroSediste-685x320„Општина Центар, извршувајќи ги редовните работни задачи, продолжува со контрола на сите градби кои се изведуваат на нејзината територија. В среда, 2.9.2015, во 10 часот, овластен градежен инспектор ќе изврши контрола на градбата каде инвеститор е „Брилијант“ од Штип.

Градбата се наоѓа спроти Клубот на пратеници. Веднаш потоа, во 11 часот, инспекциски надзор ќе се изврши на градбата која се изведува на улица „Ѓуро Стругар“ ББ, чиј инвеститор е „Бетон“ од Скопје. Во овој објект, по завршувањето, треба да биде сместено седиштето на партијата ВМРО – ДПМНЕ.

Од инвеститорите општина Центар бара во среда да ја имаат комплетната документација за објектот, а за инспекцискиот надзор, општината до нив, достави уредно известување. Општина Центар, целата постапка со инспекцискиот надзор ќе ја води транспарентно, во присуство на јавноста. За ова интерес пројави и меѓународната заедница“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …