недела , 22 октомври 2017
8-750x354

За живот во Прилеп!

Драги мои,

Ѝ припаѓам на генерацијата која носи бледи спомени од претходниот и сосема свежи впечатоци од сегашниот систем на вредности. Имав можност во своето семејство, кај роднините, во кругот на пријателите и познаниците, да ја видам насмевката на нивните лица како последица на задоволството да работат, живеат и творат во овој град.

За жал, низ годините што минуваа не можев а да не согледам дека луѓето беа принудени да ги потиснуваат своите хумани вредности во меѓусебните релации. Гледав како постепено стануваат затворени, исплашени, отуѓени. Низ годините станавме покорни на партиите, идеологиите. Борбата за (пре)власт од нас создаде војници преку кои единките се богатеа на штета на сите останати, интересот стана префикс за човечност а партиската припадност можност за успех во животот.

Никогаш не ги правдав грешките на едните, ниту пак ги оспорував успесите на другите. Заклучокот “сите се исти“ е производ на индивидуалниот пристап и поимањето на политиката од страна на политичарите. Никогаш не се помирив со фактот дека тоа така мора да остане. Дека едните мора да се добри штом изградиле паркчиња платени како стадиони, направиле фонтани кои чинат како од нив да треба да тече млеко, ако придонеле за влез на странски инвестиции во кои платата на работниците е колку еднонеделен бакшиш на келнер од соседството.

Дека заслужиле ловорики затоа што асфалтот кој го ставаат има едногодишен век на траење, дека во 12 години не успеале да рестартираат ниту еден од погоните за кои обвинуваат дека ги затвориле оние другите, дека просветните работници, државните службеници и обичните работници мора да се мобилизираат во улога на партиски глоасноговорници.

Одбивам да прифатам дека не смееме да пиеме кафе со партиските неистомисленици, дека критиката мора да се санкционира со лична освета, дека градоначалникот мора да ги присвои заслугите од сето она што други го направиле за градот, дека наместо советници имаме партиски послушници или мрзливи и некомпетентни поединци кои носат штетни одлуки за граѓаните, дека во спомен на жртвите за слобода се перат пари за изградба на споменици…

Доста е, никогаш повеќе тоа да не се повтори. Јас го гледам и го знам и лицето и опачината на овој град. Го чувствувам пулсот на Вашиот порив конечно да дочекате правда за себе и за другите, да добиете верба во подобро утре. Знаејќи го сопствениот потенцијал, да имате гаранција и да бидете уверени дека токму тука, во градот во кој сте се родиле и во кој живеете, Вашиот труд ќе биде соодветно валоризиран. Тука да ја градите и изградите Вашата сегашност и иднината на Вашите деца, да се чувствувате еднакво корисни и важни во остварувањето на заедничките цели на заедницата во која живете.

Процесот на демонтирање на овој и ваков локален режим предводен од поединци во ВМРО-ДПМНЕ е започнат и ќе заврши со неговиот конечен пораз на локалните октомвриски избори Искрено верувам дека во секој од Вас има доволно сила, доволно љубов и енергија за овој град, доволно почит и разбирање за секој, доволно искуство и знаење за напредок. Доволно сила за победа. Победа каква што му доликува на градот Херој.

Затоа, да се обединиме и како никогаш досега да покажеме дека во овој град има место за сите. Дека Прилеп ни припаѓа на сите нас, дека сите ние заедно ќе ја градиме и продолжиме приказна за градот на Цепенков, на Кузман, на Ченто… Оти ова е Ваш град исто колку што е и мој. Вашиот успех ќе биде и мој успех, ќе биде успех на Прилеп!

Со почит,

Жарко Стеваноски

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …