недела , 24 септември 2017
zvrlevski-685x320

За Зврлевски „бомбите“ не се доказ, Македонија не е мафијашка држава

zvrlevski-685x320
Јавниот обвинител Марко Зврлевски не гледа причина да си замине од функцијата. Тој не се согласува дека поголемиот дел од јавноста нема доверба во обвинителството.

„До мене не допираат обвинувањата дека сум близок до власта. По предметите од прислушувањето јас не постапувам, но ништо не сме ставиле под тепих“, рече Зврлевски во емисија на ТВ Телма.

Тој на покана за свадба од Бајруш Сејдиу не би отишол, а на ромскиот бал не бил поканет од Амди Бајрам, туку од заменик министерот за правда и не гледа ништо спорно што бил на балот.
За чуеното во бомбите на Заев, плацевите на Водно, за уривањето на Космос, Зврлевски вели дека се отворени предмети, дека обвинителите имаат капацитет, но не знае дали Фијат Цаноски до сега е испрашан. Јас, вели, не постапувам по првостепени предмети.

„Македонија не е мафијашка држава. Материјалите од бомбите не се докази бидејќи се незаконски прибавени“, вели Зврлевски.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …