вторник , 24 октомври 2017
zadar

Задар поплавен и во хаос

Утрово силно невреме го зафати Задар. Како што јавуваат локалните медиуми градот е во хаос, некои училишта ја откажаа наставата, а делови од градот се без струја. Патиштата и подрумите се поплавени.

Поради силните грмотевици, дошло до дефект во електричната мрежа, работниците на хрватските електрани се на терен и се очекува дефектот наскоро да се отстрани. Делови од Задар се без струја.

Локалните медиуми исто така известуваат дека во хируршките операции во задарската болница операциите се откажани, а пациентите кои не се приоритетни се пуштаат во своите домови.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …