понеделник , 21 август 2017
zoran-zaev-zz-634x320

Заев: Ако Иванов не го даде мандатот, ќе го активираме планот Б

Имаме план Б, но се надеваме дека ќе се реализира планот, а тоа е претседателот Иванов да ни го додели мандатот и да почне Собранието со работа, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во синоќешното интервју на телевизија Алсат М.

„Постојат опции. Секогаш има. Но, сега да зборуваме за планот А, а тоа е да биде доделен мандатот од Иванов. Во планот А е и конституирање на Собранието и избор на претседател на парламентот. Јас се надевам дека нема да дојде до план Б, туку ќе се реализира план А. Ќе се обидеме деновиве да постигнеме договор за претседател на Собранието“, изјави Заев.

Тој додаде дека и да ја прифати идејата на ВМРО-ДПМНЕ да одат на нови предвремени парламентарни избори, уверен е дека Груевски убедливо ќе изгуби.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …