сабота , 21 октомври 2017
koridor

Заев, Борисов и Рама ќе бараат заедно пари за Коридорот 8

Премиерите на Бугарија, Македонија и Албанија до крајот на годинава ќе имаат средба со претставници на Светска банка за изнаоѓање финансиски модел за изградба на Коридорот 8, најави денеска претседателот на бугарската Влада, Бојко Борисов.

– Во декември договараме средба со Светска банка за изградба на Коридорот 8 на која ќе присуствуваат и премиерите на Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, изјави Борисов на прес-конференција во Варна.

Според Борисов, на средбата ќе се бара модел за финансирање на патната и железничката врска, што треба да ги поврзе трите држави.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.