среда , 20 септември 2017
mogerini-zaev

Заев денеска на премиерската средба кај Могерини

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, кој е мандатар за составување на новата влада на Македонија, ќе присуствува на денешната неформална вечера на премиерите на шест балкански држави што во Брисел ја организира високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија Федерика Могерини.

Во поканата до Заев стои дека тој е поканет во својство на „определен за премиер“.

Освен Заев, кој ќе ја претставува Македонија на вечерата во Брисел ќе присуствуваат премиерите на Србија, Александар Вучиќ, на Црна Гора, Душко Марковиќ, Еди Рама (Албанија), Иса Мустафа (Косово) и Дениз Звиздиќ (Босна и Херцеговина).

Целта на вечерата, како што е соопштено во Брисел, е да се разговара за состојбата во регионот во врска со последните случувања, како и да се погледне „како сите заедно може да се движат напред“.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …