сабота , 21 октомври 2017
zaev-osmani-860x680

Заев и Османи напладне ќе ги откријат деталите од реформскиот план „3 – 6 – 9“

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска напладне на прес-конференција во Владата ќе ги соопштат деталите од предлог-планот „3 – 6 – 9“ за спроведување на реформските приоритети.

Владата на вчерашната седница го усвои планот, кој треба да придонесе за добивање неусловена препорака за почеток на преговорите со ЕУ, како и да се забрза интегрирањето во НАТО, но не откри какви конкретни мерки содржи. Името на планот е поврзано со бројот на потребните месеци за спроведување на краткорочните, среднорочните и на долгорочните реформски мерки.

Европската комисија неколкупати, уште по предвремените парламентарни избори и по формирањето на новата влада, порачаа дека треба да се спроведат реформските приоритети и да се работи на забелешките од извештајот од Прибе за да се врати земјата на патот кон ЕУ и кон НАТО.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.