вторник , 24 октомври 2017
zaev-verusevski-puc

Заев: Му благодарам на Зоран Верушевски за храброста и љубовта што ја има за својата земја

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска говореше пред жителите на скопската населба Аеродром.

На почетокот на неговиот говор, Заев го поздрави поранешнот директор на УБК Зоран Верушевски.

-Сакам да го поздравам мојот пријател кој живее во близина. Зоран Верушевски. Ти благодарам на храброста и љубовта што ја имаше за својата земја. Ти благодарам за вистината за Македонија – рече Заев.

Тој и Верушевски, по објавувањето на „бомбите“, беа обвинети за насилство врз највисоките државни органи, а Верушевски помина една година во притвор во политички монтираниот предмет “Пуч”.

Инаку, Заев вечерва уште еднаш го повика неговиот ривал Никола Груевски на ТВ Дуел. Тој ја обвини владејачката партија дека ги копира нивните идеи и лажно ветува повисока минимална плата.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …