среда , 28 јуни 2017
zaev

Заев на распит во Обвинителството на Зврлевски

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, денеска треба да дојде на распит во Основното јавно обвинителство.

Обвинителството на Марко Зврлевски, заедно со други лица, на раководни позиции во партијата го товарат Заев за злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања.

Ова е во рамки на веќе отворената предистражна постапка.

Заев, потврди дека е поканет и дека ќе одговори на поканата и ќе се појави на распитот.

Во предистражната постапка сослушани биле над 70 сведоци, за настани од изборите во 2014 и декември 2016 година.

Во исто време постапки за изборен фалсификат и нерегуларности, СЈО води против екс министрите Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески.

За нив во „бомбите“ на опозицијата беше објавено дека поткупуваат и заплашуваат гласачи, злоупотребуваат и деца од дом, со сила носат лица на гласање, го организираат гласањето на жители на Пустец и отвораат доверлив изборен материјал.

Слични написи

sjo novi

Утре прес на СЈО

Утре во 12 часот Специјалното јавно обвинителство ќе одржи прес – конференција. Во најавата за …