среда , 20 септември 2017
Zaev-SDSM-Kasami-BESA

Заев на средба со Касами, започнаа преговорите за формирање на Влада

По добивањето на мандатот од претседателот Иванов, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, беше во посета на седиштето на движење Беса каде што се состана со претседателот на оваа партија, Билал Касами.

Заев рече дека во оваа фаза страните ќе ги разгледуваат изборните платформи со цел изготвување на програма за следната влада.

„Брисел даде голема поддршка, посебно на Македонија. И Брисел и Вашингтон докажаа дека се големи пријатели. Се надевам дека ќе следат убави моменти и за влез во НАТО и во ЕУ ако работиме искрено на реформите, кон подобрување на квалитетот на животот на луѓето. Тогаш органите на Европската заедница ќе имаат причини да носат уште похрабри одлуки. Исто така со опозицијата ќе треба да се потрудиме да најдеме решение за спорот со нашето уставно името кој го имаме со Грција. Сите овие предизвици се исправени пред нас, и се надевам дека со мудрост и меѓусебна соработка и разбирање, ќе изнаоѓаме и решенија“, рече Заев.

Тој претходно најави дека се надева дека новата влада ќе биде составена за помалку од десет дена.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …