вторник , 26 септември 2017
przino pregovori

Заев најави дека се е можно, договор за нови министри нема

przino pregovori
Ноќеска на полноќ претставниците на четирите партии, потписнички на Договорот од Пржино не постигнаа договор и ја напуштија средбата.
Роковите за избор на новите министри и заменици-министри се пробиени. Четирите партии потписнички на Договорот од Пржино не се договорија околу ингеренциите на идните членови на Владата.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека Договорот предвидува министерите кои би дошле по предлог на СДСМ само технички треба да ја извршуваат функцијата, односно, да се занимаваат исклучиво со технички работи, поврзани со организирање на изборите.ВМРО-ДПМНЕ, според извори од преговарачките тимови , се противат на можноста овие министри да прават кадровски промени, на пример во МВРда менуваат раководители или началници.
Според СДСМ, новите министри тие треба да имаат целосни министерски ингеренции и права.
ВМРО-ДПМНЕ бара замениците министри да имаат право на вето за сите прашања, а од СДСМ ова право бараат да важи само за прашања поврзани со изборите.
СДСМ треба да предложи министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика, а ВМРО-ДПМНЕ во овие министерства да има свои заменици. Опозициската партија треба да добие заменици-министри во министерствата за финансии, за информатичко општество и администрација, и за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Извори од СДСМ вчера потенцираа дека доколку не се постигне договор, сите опции се отворени. Не е исклучена можноста за нови политички „бомби“.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …