понеделник , 21 август 2017
zaev soopstenie

Заев најави поволности за домашните компании какви што имаат странските

На деловниот појадок со владиниот економски тим, предводен од премиерот Зоран Заев Сојузот на стопанските комори (ССК) испорача пакет од 75 економски мерки.

Мерките, како што истакна претседателката на ССК, Даниела Арсовска се во насока на спроведување на структурните реформи и подобрување на инвестициската клима и деловното опкружување во земјава. Според неа, од особено значење за бизнис заедницата е ефикасноста на администрацијата на централно и локално ниво.

Трите клучни барања се реформа на инспекциските служби, сузбивање на сивата економија и учество на деловната заедница во креирањето на економските политики.

На средбата со бизнисмените, Заев најави дека секој инвеститор во Македонија, без разлика дали е домашен или странски, кој ќе почне инвестиција од темел, ќе ги добие поволностите што досега ги добиваа странските компании.

– Тоа значи ослободување од персонален данок, ослободување од данок на добивка, поддршка во изградба на инфраструктура, евтини локации, но истовремено и директна државна помош во илјади евра по вработен. Ќе има критериуми за државната помош. Ако бројот на нови работни места биде поголем, толку поголема ќе биде и државната помош. Втор критериум ќе биде еколошката заокруженост на самиот проект. Трет критериум ќе биде поврзаност со домашните компании во делот на прибавување на ресурси за производство и услуги и неколку други критериуми – рече Заев.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …