вторник , 26 септември 2017
sredba (1)

Заев: Нашата цел е да ги вратиме изгубените институции, демократијата, слободата, правдата, човековите права

sredba (1)
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со директорот на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС), Зијад Бечировиќ.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во Република Македонија и процесите за демократизација на државата.

Претседателот Заев, зборувајќи за предизвиците со коишто се соочува земјава посочи дека по промените во април 2016 година Македонија ќе биде отворено, демократско општество, коешто подеднакво ќе се грижи за сите граѓани.

„Ја испративме пораката она што се случи во Македонија никогаш повеќе да не се повтори. Нашата цел е да ја нормализираме државата, да ги вратиме изгубените институции, демократијата, слободата, правдата, човековите права и да ја отвориме вратата за економски напредок на земјата. Ќе градиме отворено, демократско општество за сите“ рече Заев.

Директорот на меѓународниот институт ИФИМЕС, Бечировиќ, рече дека на Македонија неопходен и е процес за враќање на правната држава, сличен на процесот во Република Хрватска.

„По примерот на Хрватска, на Македонија и е нужно потребен процес на „десанадеризација““ рече Бечировиќ.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ја прифати поканата официјално да го посети Меѓународниот институт ИФИМЕС, во Словенија, кон крајот на овој месец, а во рамки на посетата да одржи и предавање на овој институт.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …