четврток , 29 јуни 2017
Zaev-Besa-1

Заев: Нема Влада пред понеделник

Лидерот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада Зоран Заев попладнево има средба со лидерот на БЕСА, Биљал Касами во Собранието.

Разговорите се во контекст на формирањето на новата влада.

Заев пред средбата, на прашањето кога може да се очекува составот на новата влада изјави дека тоа нема да се случи пред понеделник.

Според него, тоа не зависи само од СДСМ, туку и од коалиционите партнери кои треба да ги усогласат ставовите. Заев воедно изрази надеж дека во наредната недела ќе може да се затвори прашањето.

Од БЕСА претходно денеска за НОВАТВ изјавија дека очекуваат одговор од СДСМ за принципите и ставовите како услов за коалицирање што ги доставиле до оваа партија.

Слични написи

sjo novi

Утре прес на СЈО

Утре во 12 часот Специјалното јавно обвинителство ќе одржи прес – конференција. Во најавата за …