вторник , 26 септември 2017
Заев во Прилеп 5 [1600x1200]

Заев: Новиот Изборен законик ќе овозможи регуларни избори

 

Заев во Прилеп 5 [1600x1200]
Пишува:
Зоран Милошески

Конечната верзија на Изборниот законик утре, недела 11.октомври, ќе биде презентирана пред работната група, за да два дена подоцна, во вторник, влезе во собраниска процедура и биде преточена во закон.

Ова денес го изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев, за време на неговата посета на Прилеп.

Заев рече дека се изгуби многу време во утврдувањето на конечната верзија на Изборниот законик, а допрва претстојат преговорите за уште многу важни теми кои треба да бидат договорени, како што се медиумите, Законот за „свиркачите“, промените во правосудството и останатите препораки на ЕУ кои се вградени во договорот од Пржино.

„Прочистувањето на избирачкиот список, гласањето на дијаспората, утврдувањето на бројот на изборни единици, новиот состав и новите надлежности на ДИК, сите аспекти на односот на медиумите и рамноправната застапеност на политичките партии, сето тоа ќе биде опфатено со Изборниот законик. Од она што досега го знам, можам да кажам дека со него ќе се овозможат услови за одржување регуларни, фер и демократски избори. Засега не постојат никакви индикации изборите закажани за 24 април 2016 година да бидат пролонгирани“, рече лидерот на македонската опозиција Зоран Заев.

Покрај зголемените надлежности на ДИК, во нејзиниот нов состав ќе има 9 членови, од кои тројца ќе бидат избрани на предлог на власта, тројца на предлог на опозицијата, а во составот на комисијата ќе влезат и тројца експерти. Важно е да се истакне дека при утврдувањето на избирачкиот список, освен користењето на официјалните податоци на повеќе државни институции, ќе се врши и теренска проверка на гласачите. Што се однесува до дијаспората, таа ќе гласа според изборен цензус или пак воопшто нема да гласа.

За време на посетата на Прилеп, Заев оствари средба со дел од прилепските стопанственици, со тутунопроизводителите и производителите на пиперки, а присуствуваше и на граѓанскиот собир во манастирот „Свети Димитрија“ во село Селце.  

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …