вторник , 26 септември 2017
fotografija-640x320

Заев: Очекуваме финален договор за изборното законодавство

fotografija-640x320Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Република Аргентина за Република Македонија, Џилермо С. Азрак.

Тема на средбата беше политичката криза и можноста за продлабочување на соработката со Аргентина за којашто успешен пример е гасификацијата на Струмица, каде што претседателот Заев е градоначалник.

Амбасадорот на Аргентина Азрак изрази почит кон определеноста на претседателот Заев кон изнаоѓање квалитетни решенија за граѓаните и за државата по демократски пат.

На средбата беше поздравена реализацијата на договорот од 2 /јуни – 15 јули што почна со законот за специјално јавно обвинителство и изборот на специјалната јавна обвинителка и беше изразено очекување дека сите страни ќе ја сфатат одговорноста на потпишаното и ќе придонесат кон запазување на роковите за реализација.

-Очекуваме финален договор за изборното законодавство. Ова е важно за сите и е една од гаранциите за фер и демократски избори, рече претседателот Заев.

На средбата стана збор и за успешната соработка на Аргентина со општина Струмица во делот на енергетиката што резултира со успешно спроведена гасификација на градот, заштеди на парите на граѓаните, еколошки чиста средина. Изразена е надеж дека таа соработка ќе се продлабочи и во делот на земјоделството и производството на храна и дека ќе биде проширена во иднина.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …