недела , 22 октомври 2017
z22

Заев од Делчево: Единствени, заедно, продолжуваме напред и во општините граѓаните ќе одлучуваат!

Спиралата за раст на платите се отвори, економијата заживува, а постои и голем интерес за нови странски инвестиции, бидејќи испративме сигнал дека Македонија станува перспективна земја, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев во синоќешното обраќање на митингот на СДСМ и коалицијата во Делчево.

Во декември зачекоривме по патот на слободна и среќна татковина. На 15 октовмри да покажеме дека Делчево оди напред и да направиме современи и услужни општини во кои ќе одлучуваме, живееме и работиме со гордост. Нашата цел е да ги приближиме централната и локалната власт до граѓаните за да ги подобриме услугите и квалитетот на живот, за да можете секоја работа да ја завршите на едно место, за да можат луѓето да работат и живеат блиску до своите семејства.“ порача претседателот Заев.

Претседателот Заев ги повика граѓаните на Делчево на 15 октомври, заедно и сплотени одлучно да гласаат за промени и за живот во Делчево и во Македонија.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …