вторник , 26 септември 2017
zaev-mikrofon1-480x320

Заев од Ерусалим:Посетата на Израел e демант дека сум ги нарушил односите

zaev-mikrofon1-480x320
Средбата со израелскиот претседател, но и оние утре, со заменик премиерот и со министерот за економија се најдобар демант на тврдењата на власта дека односите со Израел се загрозени од дел од политичките бомби што ги објави СДСМ, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев по средбата со израелскиот претседател Реувен Ривлин.
Средбата, била протоколарна се разговарало за билатералните односи, економската соработка бегалската криза. Скандалот со мабавката на израелска опрема од 15 бомба на СДСМ, не бил споменат рече Заев но не исклучува можноат за тоа да стане збор на утрешните средби со владините претставници.

Ова е прв пат шефот на државата Израел да се среќава со опозициски лидер.

Според Заев, Ривлин истакнал дека обврска на македонските политичари е да се грижат за безбедноста на граѓаните. На средбата со Ривлин се зборувало за актуелната политичка состојба во Македонија, а израелскиот претседател му изразил голема поддршка на Заев во справувањето со кризата.

Заев утре ќе се сретне со вицепремиерот Силван Шалом и со министерот за инфраструктура, енергетика и води, Јувал Стеинц.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …