вторник , 26 септември 2017
zaev pp

Заев од Прилеп: Дијаспората ќе гласа според изборен цензус или воопшто нема да гласа

zaev pp
Во рамките на денешната посета на Прилеп, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, најпрво оствари срдба со стопанствениците од градот на која што се разговараше за моментална состојба и можностите кои ги нуди прилепското стопанство.

Во однос на изборниот законик лидерот на социјалдемократите Заев рече дека е постигнат голем напредок и дека во текот на утрешниот ден очекува изборниот законик да и биде презентиран на јавноста а веќе во вторник 13 октомври да влезе и во собраниска процедура.

Спорд новиот изборен законик значително ќе бидат зголемени компетенциите на Државната изборна комисија. Заев додаде дека истовремено ДИК ќе има нов состав од девет члена составен од три члена од власта, три члена од опозицијата и тројца експерти со што ќе бидат зголемени надлежностите на оваа комисија.

Ќе се врши теренска проверка на гласачите, согласно новиот законик и дијаспората ќе гласа според изборен цензус или воопшто нема да гласа, додава Заев.

По овој состанок со прилепските стопанственици Заев ќе оствари средби со граѓаните на селото Мало Коњари, а потоа од 12:30 ќе присуствува на сенародниот традиционален собир во манастирот во с. Селце кој е во организација на ОО на СДСМ, од Прилеп.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …