среда , 18 октомври 2017
vv14

Заев од Велес: Ќе одржиме лекција по економија, Македонија ќе биде успешна економска приказна

Со чесни луѓе, добри политичари и добри градоначалнци ќе одржиме лекција по економија, a Македонија ќе биде успешна економска приказна, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев на синоќешниот митинг на СДСМ и коалицијата во Велес.

Продолжуваме со концептот за враќање на повеќе пари кај граѓаните, бидејќи наша главна цел е граѓаните да имаат повеќе пари во семејните буџети. Ако ги намалиме трошоците и сметките, ако обезбедиме дополнителни приходи за граѓаните, тогаш тие ќе имаат повеќе пари и тогаш ќе ни ја биде Македонија.“ порача претседателот Заев пред граѓаните.

Претседателот на СДСМ порача дека преку децентрализацијата на власта, одлуките на локалните власти ќе бидат поблиску до граѓаните, а тоа значи дека парите ќе одат онаму каде што ќе кажат граѓаните.

Покажавме дека зборот е збор и затоа на 15 октомври излезете масовно и дадете поддршка на Аце Коцевски и советничката листа, за живот во Велес, за живот во Македонија“, порача Зоран Заев.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.