петок , 18 август 2017
zaev mandatar

Заев: Ова е историски ден за Македонија, следува мирен и брз трансфер на власта!

Ова е историски ден на Македонија, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој ги поднесе потписите за мандат до претседателот Ѓорге Иванов.

– Во рака држам 67 потписи од пратеници на Собранието кои што гарантираат можност за нова Влада за граѓаните и крај на кризата и во наредните денови следи мирен трансфер на власта, рече Заев.


На средбата кај претседателот Иванов присуствуваа и потпретседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски.

Заев кажа дека очекува Иванов веднаш да му го даде мандатот, а од кабинетот на претседателот рекоа дека по доставувањето на доказот за обезбедено мнозинство се очекува тој да донесе одлука во наредните денови.

Слични написи

Barselona-napad-2

Македонски државјанин повреден во нападот во Барселона, потврди МНР

Македонски државјанин е повреден во терористичките напади што вчера се случија во Барселона. Како што …