вторник , 24 октомври 2017
zaev1

Заев : Програмата на новата влада ќе биде силно посветена на унитарност на Македонија

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска ги повика партиите од новото парламентарно мнозинство да ја поддржат програмата на новата реформска влада што тој ја презентираше и да бидат дел од таа влада. Ја повика опозицијата да ја коментира оваа програма и да ја поддржи. Го повика претседателот Ѓорге Иванов да ја види програмата, а граѓаните што протестираат да се вратат во своите домови и да бидат спокојни.

– Програмата на новата влада ќе биде силно посветена на унитарност на РМ, новото мнозинство ја декаларира силната волја за реформска влада која ќе се фокусира на реформи, на членство во НАТО и ЕУ. Денеска сум тука да покажам дека ќе бидам премиер подеднакво на сите граѓани – рече Заев.

Заев повика граѓаните да не се вознемируваат понатаму со лажни вести.

– Програмата на новата влада ги содржи принципите на предизборната програма на СДСМ, како и на партиите кои освоија пратеници и кои се дел од новото парламентарно мнозинство. Наши стратешкии цели се подобар живот на сите граѓани, враќање на демократијата, владеење на правото, ефикасни институции, интеграција во ЕУ и НАТО. Ветувам дека РМ ќе биде држава на сите граѓани. Нема веќе блиски и неблиски со власта. Ќе градиме едно обединето општество со блиску односи меѓу граѓаните од сите етнички заедници.
РМ ќе се развива кон членство во ЕУ и НАТО поради што преземаме обврска за реализирање на итните реформски приоритети. Подобар животен стандард на граѓаните, праведен и фер даночен систем, развој на домашните претпријатија, одговорна влада и контрола на власта, транспарентна влада, рамномерен регионален развој, партиите ќе стојат настрана од судовите, ќе се формира специјално одделение во Основниот суд 1, одлучна и неселективна борба против корупцијата, вистинска собраниска контрола над безбедносни служби за никогаш повеќе да не се повтори скандал од масловно прислушување, независни медиуми, МРТВ ќе работи независно и ќе се реформира, целосно расветлување на кумановските настани, закон за унапредување на јазиците според Уставот и прифталиво за партиите, кои се дел од новата владина коалиција, ќе поддржиме јазична политика во согласност со потребите на граѓаните, закон кој ќе ја прошири употребата на албанскиот јазик во земјава, и ќе ја гарантира службената употреба на македонскиот јазик. Ќе воведеме серија активности за унапредување на речникот и граматиката на македонскиот јазик – рече Заев.

– Се што прави нашиот политички противник води кон поделба на Македонија. Знаат дека промените носат правна одговорност за криминалите и злодела кон граѓаните. Тие не смаат да бидат изиграни и изневерени од ниту една партија. Ќе има целосна промена во начинот на водење политка во Македонија. Македонија е зрела за нов начин на водење држава и политика. Дојде време политичарите да понесат одговорност. Ќе овозможиме контрола на власта од граѓанските организации и медиумите. Потребно е учество на секого во овие реформи. Ве повикувам сите граѓани да се вклучите во реформите затоа што вие граѓаните сте гласот на демократијата. Нема веќе да има надлуѓе – рече Заев.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …