недела , 22 октомври 2017
RA2_2298

Заев: Работиме сплотено за нови работни места, инфраструктура, за перспективите на Македонија!

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на синоќешниот митинг на СДСМ и коалицијата во Тетово се обрати кон граѓаните со пораки за заедништво, сплотеност и повика на заедничка работа што ќе ја води Македонија напред.

Oна што го гледавме, преку дозирани, пренатрупани кампањи, буквално перејќи го мозокот на нашиот народ, држејќи го во заложништво, под постојан страв, повеќе го нема. Еве ја почитувани граѓани слободата! Избори се, нема закани, нема притисоци, медиумите се коригирани, Македонија е со пријатели, отворени перспективи! Рефлекторите на цел свет се кон Македонија!“ рече претседателот Заев.

Претседателот Заев порача дека заврши времето кога Македонија беше заглавена заради политичари кои ширеа национализам додека целиот свет одеше напред кон модерни технологии, нови квалитетни работни места за младите, кон економија и нови инвестиции. 

Сега после тргнати предрасуди, отворивме еден огромен фронт да работиме сите посветено на она што е подеднакво важно за сите во државата, а тоа е економија, тоа се работни места, тоа се повисоки плати, тоа е подобра инфраструктура, вода за пиење, канализација, добри улици. Тоа се перспективите каде што децата ќе ни бидат до нас и ќе чекаме внуци од нив. Тоа е нашата иднина за којашто вреди да се бориме. Тоа се перспективите на Македонија коишто треба да ги решаваме!“ порача претседателот Заев.

Тој рече дека за изминатиот период од 4 месеци државата им помага на општините и им служи на потребите на граѓаните, за што потенцираше дека решени се некои проблеми или отпочнато е нивно решавање и во Тетово. За разлика од претходната власт којашто немаше слух и интерес да ги решава проблемите, сега за 4 месеци, отпочнати се проекти во интерес на сите граѓани во Тетово. 

Започната е изградбата на филтер станицата и на водоводот, за кој рече дека 9 километри се изградени. Добиено е одобрение за надградба на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ во Тетово за да се вратат учениците во интегрираното образование. 

Ќе влезе во буџетот и училиштето во Мала Речица, оти 1.000 дечиња патуваат надвор од своето место на живеење. И тоа се наши деца, рамноправни граѓани овде на оваа Македонија“ соопшти претседателот Заев.

На самиот крај од своето обраќање претседателот Заев ги повика граѓаните на 15 октомври да излезат смирено, гордо, сплотено и слободно да гласаат за живот во Тетово за сите за да се комплетираат промените и на локално ниво.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …