среда , 20 септември 2017
zaev mandatar

Заев: Се надевам до крајот на неделава ќе завршиме со преговори

Се надевам дека кон крајот на неделата ќе финишираме со преговорите за владата и да завршиме најбрзо што може, изјави денеска лидерот на СДСМ и новиот мандатар Зоран Заев за „Телевизија 24“ .

„Сите политички партии се обврзавме да ја забрзаме постапката околу преговарање за новата влада и во рок од десет дена прегворите да бидат завршени“, рече Заев.

Тој рече дека посетата кај високата претставничка за безбедност Фередика Могерини е одлична можност да се видат сите лидери на регионот и да разговараат за европските перспективи на Македонија.

Заев додаде дека ќе објасни колку многу новата влада ќе работи на реформите и се надева дека ЕУ ќе ги поддржи заложбите на македонските граѓани за влез на Македонија во Европската Унија.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …