понеделник , 25 септември 2017
Zoran Zaev kvantashki (7)

Заев : “Со 10 илјади денари плата не можат граѓаните да купуваат“

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, се обрати пред граѓаните во Чаршијата во Велес, при неговата вчерашна посета на градот.

Врвот на политиките на Никола Груевски е доказ за апатијата во велешката Чаршија. Зошто, ем ни ги нема младите ем има луѓе кои едвај преживуваат. Тоа е најсилниот доказ дека Македонија пати и плаче за промени. Промените доаѓаат и тие се здрави. Тоа е добро за Македонија.

Конечна цел ни е нашите деца и нашите внуци да ни останат тука“, рече претсеадтелот Заев во обраќањето пред граѓаните.

Тој влезе во повеќе дуќанчиња во кои купувачи немаше. Сопствениците на микро и малите фирми добро ја разбираат ситуацијата, самите велат: „Треба по фирмите да пуштат повеќе пари за народот да има да троши повеќе. Со 10 илјади денари плата не можат граѓаните да купуваат“.

Токму враќањето на парите кон граѓаните е она за што говори претседателот Заев кога вели дека државата е должна да им обезбеди достоинствен живот на граѓаните на Македонија.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …