понеделник , 21 август 2017
zaev soopstenie

ЗАЕВ СТАНА ПРЕМИЕР – И БЕРЗАТА СЕ ШЕКНА

73 дена вкупно, или 53 работни дена откако Зоран Заев беше избран за премиер и берзата се шекна. Од 31 мај до 11 август главниот берзански индекс на Македонската берза за хартии од вредност МБИ10 порасна за 15.35% или по 0,3% дневно во просек. Ваков раст олку брзо немало уште од лудите времиња во 2005-2007 година пред светската рецесија и бегството на странските инвеститори од берзата.

FB_IMG_1502573747491

Ова значи дека порасна и пазарната капитализација на берзата (демек вкупната вредност на компаниите кои котираат на неа). И тоа за 179,5 милиони евра до вкупен износ од 1,35 милијарди евра. Ете, толку требаше. Груевски се тргна и македонските фирми сега вредат вкупно речиси 180 милиони евра повеќе. И тоа ова се случува насред лето, кога трговијата на берзата е прилично замрена, што значи дека нагорниот тренд ќе продолжи. А, и нема причина да не продолжи. Македонската берза во изминатиов период бележеше најлоши резултати во однос на берзите од регионот. И сега треба да го надокнади заостанувањето. Ако не се случи пак некој голем потрес, се разбира.

Слични написи

branimir

Јовановиќ: Со ребалансот пративме порака, ќе кратиме на „чоколадо“ а ќе трошиме за „леб“

„Министерот за задолжување“, Драган Тевдовски за 70 дена успеа да стопи цели 126 милиони евра …