вторник , 26 септември 2017
IMAG6098

Заев – Тевдовски: Визијата за Македонија е програма од граѓаните за граѓаните, нема да отпуштаме вработени од администрација

IMAG6098

 

Пишува: Виктор Азманоски

Денеска сме овде да ја претставиме Визијата за Македонија, да ја вратиме средната класа. Со проектот Вистината за Македонија покажавме, во колку криминализирана држава живееме, изјави претседателот на СДСМ на почетокот од денешната прес конференција.

Со проектот Визијата за Македонија ќе го вратиме достоинството на граѓаните во државата, рече Зоран Заев.

IMAG6097_1

Програмата Визијата за Македонија е заснована на пет столбови кои ќе ги креваме истовремено, додаде Заев.

Знаеме дека секој има своја визија, па затоа ќе ги вкрстиме визиите, нашата визија и визијата на граѓаните, во секој град ќе биде поставен пункт за секој човек да ја пренесе својата визија, ќе има дебати со граѓаните, вечерва почнуваме во Неготино, ќе има можност и за онлајн сугестии, едноставно ова ќе биде програма од граѓаните и за граѓаните, додава претседателот на СДСМ, Заев.

Претседателот на комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски го објасни првиот столб.

IMAG6101

Ова не е програма со која што ќе се испуштаат вработените од јавна администрација, ќе се прераспределуват вработените од каде што има пренатрупаност во институции каде што фалат работници, Владата ќе одговара два пати месечно на пратенички прашања, со цел да има поголема отчетност и транспарентност.

Сите оф шорт фирми ќе бидат обврзани да ги кажат своите вистински сопственици, рече Тевдовски.

IMAG6102

Од вечерва почнуваме во Неготино со дебата, утре сме во Тетово, а потоа следуваат и сите градови и села низ државата, додава Тевдовски.

На новинарско прашање по однос на второослободителната пресуда која втора во рок од една недела што е донесена денес во Основниот Суд во Струмица, во спорот со струмичанесот кој го обвини Заев за барање на мито, лидерот на социјалдемократите изјави дека тоа не е крајна цел на СДСМ, парите кои што судот ќе ми ги додели на име на штета ќе ги доделам во добротворни цели.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …