вторник , 27 јуни 2017
8679-ZZaev_cestitki

Заев за 24 мај до граѓаните: Обединувачката мисионерска дејност на Кирил и Методиј нека `не води во развој!

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев им го честита на граѓаните на Република Македонија големиот празник, 24 мај – Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј и ден на словенската писменост и култура, во свое име и во име на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија.

„Со гордост и достоиствена почит го чествуваме денешниот ден, 24 мај – Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, поради кои овој ден се смета и за ден на словенската писменост и култура.

Овие големи луѓе, основачи на првата словенска азбука, преку благородната, просветителска дејност, оставија драгоцено цивилизациско богатство за Македонскиот народ, како и за сите словенски народи. Работејки на овие простори, браќата Кирил и Методиј ја означија Македонија на светската карта како лулка на словенската култура и писменост. Поставувајки го темелот на писменоста, тие `не задолжија сите нас, да го негуваме и развиваме јазикот како наш идентитетски белег.

Она на што сакам да повикам, е пред нас да е примерот на широкоградата мисионерска дејност на светите браќа Кирил и Методиј, сега кога почнуваме да го обновуваме нашето општество. Да извлечеме поука дека само преку препознавање на вредносите за колективно добро, преку верба во визијата дека е тоа можно, преку голема заедничка макотрпна работа, може да ги поместиме границите, да ја развиеме нашата самосвест и самобитност и да се издигнеме на културно и општествено ниво.

Јас лично и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како партија што ја доби честа и одговорноста да ја предводи новата реформска Влада даваме збор дека ќе се грижиме за Македонскиот јазик и националиот идентитет, но и дека низ почитување на богатството различности во нашата држава, ќе градиме просперитетно општество на сите граѓани во нашата држава. Предизвик на денешнината е општествен развој на Република Македонија, а обединувачката дејност на Кирил и Методиј е отворен прозорец на тој пат.

Нека ни е честит денешниот празник!“

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …