среда , 28 јуни 2017
zz nov

Заев за Дојче Веле: Груевски се пазари за амнестија, ама амнестија нема да има

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во денешното интервју за Дојче Веле најави дека демократските процеси ќе продолжат и дека мнозинството ќе ја реализира обврската пред граѓаните за избор на новата Влада. Тоа ќе биде направено со почитување на Деловникот, Уставот и законите, со смиреност, на мнозинството, а и на граѓаните, со поддршката и од домашната, и од меѓународната јавност, вели меѓу другото претседателот Заев, во интервјуто коешто цело може да го прочитате на следниот линк:

Во продолжение едно од прашањата и одговорот од претседателот Заев.

Дојче Веле:

Трајко Вељаноски тврди дека е се уште актуелен претседавач и дека ќе закаже седница кога тој ќе оцени дека има услови. Техничкиот премиер неовластено од име на Бладата му даде поддршка на Чавков. Бидејќи има сериозни индиции дека нема да се дозволи мирен трансфер на власта, очекувате ли дека ќе поттикнат “втора рунда“ насилство? Како ќе се превенира тоа со оглед на високата партизираност на МВР?

 Заев: Спроведоа организиран обид за убиство на пратеници и насилство врз новинари и вработени во Собранието. Извршија тешко кривично дело, терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Ние покажавме како достоиствено се бранат државните интереси и како се сака Македонија. Не дозволивме да ја реализираат намерата да направат хаос во државата, меѓуетнички судир, судир на граѓани од иста етничка заедница, државен удар, за да отворат простор за налудничавото сценарио Иванов да прогласи воена состојба. Тоа им беше намерата. Со оваа група околу Груевски никој не може да биде на чисто што тие планираат. Но јас знам што ние нема да дозволиме. Нема да им го дозволиме сценариото. Мудро, со почитување на Деловникот, Уставот и законите, со смиреност, и наша и на граѓаните, со поддршката и од домашната, но и од меѓународната јавност, ќе ја реализираме нашата обврска за избор на новата Влада на граѓаните. Иако институциите се партизирани, знаеме дека во нив постојат професионалци кои нема да тргнат во кршење на Уставот и законите и против интересите на граѓаните. На крајот, видовте каква зрелост покажаа и самите граѓани кои ја препознаа намерата на овој разулавен режим во заминување и не се вовлекоа во провокациите.

Интервјуто во целост можете да го прочитате на следниот ЛИНК.

Слични написи

sjo novi

Утре прес на СЈО

Утре во 12 часот Специјалното јавно обвинителство ќе одржи прес – конференција. Во најавата за …