вторник , 26 септември 2017
zokizaevintervju

Заев за хрватскиот независен портал ТРИС: Нема да дозволиме уште едни криминални избори

zokizaevintervju
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за хрватскиот портал ТРИС посочува дека во Македонија нема да биде дозволено да се случат уште едни криминални избори.

Уште од 27 јуни, кажавме дека изборниот процес не го признаваме, дека не сакаме да учествуваме во работата на парламентот и дека бараме техничка влада која би спровела фер и демократски избори. Груевски тоа не го прифати. По т.н. “бомби“ не сакаѓе да прифати ниту оставка на министрите, ниту самиот да си поднесе, не сакаше да слушне за специјален обвинител кој би го истражувал скандалот со прислушување и сите последици што произлегуваат од истиот.

Како што гледате една година подоцна, се е поинаку. Оставки поднесоа двајца министри и директорот на тајната служба. Неодамна со договорот помеѓу власта и опозицијата и со огоромен притисок од меѓународната заедница договорени се парламентарни избори за следната година во април 2016. Договорено е да се воспостави техмичка влада во која ќе партиципира СДСМ, не за да владее со ВМРО-ДПМНЕ, туку да биде гаранција за подготовка на фер и слободни избори.

zaev (1)
Донесен е закон за специјален обвинител, а во меѓувреме избрана е и специјалната обвинителка. На 20 октомври СДСМ влегува во владата со еден министер и со 4-5 заменици министри. Се очекува измена на изборното законодавство и прочистување на избирачките списоци со оглед дека претходните избори покажаа дека се издавале лажни лични карти, дека се носени луѓе од Албанија да гласаат во Македонија.

Во план е и реформа на медиумската сфера со оглед дека е докажана масовна корупција на медиумите од страна на власта. Со парите од граѓаните се плаќаат реклами и промотивни спотови кои ги нарачува актуелната власт, па на тој начин се осигурува контролата на медиумите. Кон крајот на декември премиерот Груевски според договорот мора да поднесе оставка и да се повлече.

Договорот мора да се почитува, но за жал се оди премногу бавно, тешко и со протисок на “странците“, со оглед дека власта е неодговорна и за се чека до самиот крај. Нашата порака сепак е јасна-Нема враќање назад, нема враќање на старото, вели Заев во интервју за хрватаскиот портал.

Повеќе прочитајте на следниот линк.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …