недела , 24 септември 2017
zoran zaev 26

Заев за Н1: Коментарите на Вучиќ за „македонско сценарио“ се непријатни

Лидерот на СДСМ и нов мандатор за состав на влада Зоран Заев во интервју за телевизијата Н1 изјавил дека смета оти „коментарите на Србија за случувањата во Македонија се непријатни“.

Заев додал дека ќе се труди да има добри односи со властите во Белград. „Вучиќ говореше за македонско сценарио, начинот на кој нашите соседи говорат за Македонија е непријатен“, рекол Заев додавајќи дека Македонија имала демократски парламентарни избори.

Тој додал дека кризата во Македонија „на сите им е преку глава“ и дека локалните избори треба да бидат одржани на 15 октомври, најдоцна во ноември. Заев, исто така, рекол дека кризата во Македонија не е етничка туку политичка и деа иднината на земјата е во мултикултурализмот.

Прашан околу наводите за „Голема Албанија“, Заев рекол дека мал број луѓе говорат за таква идеја и дека иднината на Западен Балкан се „отворени граници и мобилност на граѓаните“.

На прашањето што мисли околу тоа што знамето на Албанија е поставено на масата на новиот претседател на Собранието, Талат Џафери, тој рекол дека тоа не е според Уставот на Македонија и дека смета оти тоа знаме не треба да стои на масата на претседателот на Собранието туку дека „таму треба да стои фотографија од децата и сопругата“.

„Верувам дека Џафери ќе го почитува Уставот и деловникот за работа на Собранието на Македонија“, рекол Заев. Говорејќи за тежнеењата на идната влада на Македонија, Заев рекол дека тој се залага за единство на земјата, територијален интегритет и суверенитет, и за влада која ќе работи во интерес на граѓаните.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …