недела , 22 октомври 2017
studenicani15

Заев: Заедно ќе работиме за Студеничани да стане напредна и развиена општина

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев ги посети жителите на село Батинци, општина Студеничани.

Во обраќањето, Заев порача дека Батинци и цела општина Студеничани заслужува поквалитетни услови за живот, стопирање на иселувањето и шанса секој млад човек да ја гради иднината во својот роден крај.

Студеничани ни е сликата за Македонија, симбол на мултиетничноста. Овде блика различноста што е богатство на Македонија. Студеничани ќе се развива рамномерно како и сите други општини во Македонија. Јас и целата Влада ќе застанеме зад сите капитални проекти овде, заеднички со новата локална власт ќе изградиме инфраструктура, градинка, училиште, водоводни, атмосферски и канализациони мрежи со кои ќе го подобриме животот на сите. Заеднички и јас, и вие ќе се бориме општина Студеничани да ја направиме напредна и развиена општина, општина по мерка на вас граѓаните“ порача Заев.

Во своето обраќање Заев напомена дека е потребна силна поддршка за кандидатот Акија Мустафовски и советничката листа предводена од СДСМ и коалицијата за да се завршат промените што започнаа на парламентарните избори минатата година, да продолжат и на локално ниво, за живот во Македонија за сите.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …