четврток , 19 октомври 2017
zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат хрватските медиуми.

Од полицијата за „Индекс.хр“ потврдуваат дека во трамвај на линијата бр. „6“ непознат маж најпрво салутирал со нацистички поздрав и извикувал „Зиг хајл“. Потоа, кога една патничка во трамвајот го предупредила на неговото однесување, почнал во трамвајот да прска со солзавец.

Во инцидентот бил повреден и возачот на трамвајот, кој побарал и лекарска помош, а полицијата сè уште го трага по напаѓачот.

Слични написи

nobel-prize-award-overview-701x245

Нобеловата награда за мир доделена на Меѓународната компанија за укинување на нуклеарното оружје

Меѓународна компанија за укинување на нуклеарното оружје (ICAN) ја доби годинешната Нобелова награда за мир …