недела , 24 септември 2017
agrokor

Загреб преговара со руски и хрватски банки за спас на „Агрокор“

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека неговата Влада води преговори со локални и руски банки за изнапѓање решение за финансиските потешкотии со кои се соочува хрватскиот прехранбен концерн „Агрокор“, додавајќи дека очекува финансирањето да продолжи во многу поповолни услови, отколку досега.

Како што јави Хина, на прашањето за очекувањата од денешните преговори со претставници на руската „Сбербанк“, Пленовиќ изјави дека очекува соработката и финансирањето да продолжат.

Ваквата најава на Пленковиќ уследи откако локалните добавувачи се заканија дека ќе ги стопираат доставките до „Агрокор“, доколку до 29 мај компанијата приоритетно не ги исплати долговите кон нив.

Тие упатија такво предупредување и во април, точно пред „Агрокор““ да биде ставен под државна контрола. Компанијата води преговори со банки и други инвеститори за обезбедување на финансиска инјекција во вредност од околу 350 милиони евра. Таа се надева дека ќе постигне спогодба до крајот на мај, откако ја обезбеди првичната финансиска инјекција од 80 милиони евра минатиот месец.

Во „Агрокор“ работат околу 60 илјади лица. Компанијата е најголем производител и трговец со прехранбени продукти во Западен Балкан.

Кон крајот на март натрупаните долгови кон добавувачите и кредиторите на „Агрокор“ достигнаа 6,11 милијарди долари.

На 10 април судот во Загреб го назначи Анте Рамлјак за стечаен управник на компанијата, кој ќе раководи со процесот на преструктуирање во следните 15 месеци.

Слични написи

dragan tevdovski

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

Македонија до крајот на годината ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии …