вторник , 24 октомври 2017
дуи митинг

Заканите за војна – притисок врз ДУИ да се предомисли!

Целта е со хушкачки пораки да се заплаши Ахмети дека ќе носи вина за последици по стабилноста, ако неговата одлука предизвика „народно незадоволство“, тврдат за Дојче веле извори од помали партии во коалицијата преводена од ВМРО-ДПМНЕСо пораки кои ги шират јавни личности – поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ – дека „ќе има војна“ и „ќе падне крв“ ако СДСМ и ДУИ договорат влада, намерата е да се изврши последен притисок врз Ахмети за да се спречи одлука за коалицирање со СДСМ, велат за ДВ извори од помали партии во коалицијата преводена од партијата на Груевски. Инсистираат на анонимност, како што велат, за да не бидат изложени на непријатности.

„Со вакви изјави треба да се храбри членството и да се испитува пулсот на граѓаните, но тоа не е главниот очекуван ефект. Тие се наменети да се испрати последна порака до ДУИ, каква што јасно ѝ била предочена на оваа партија и во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ – дека ако не се испочитува волјата на мнозинството во македонската заедница, тогаш ‘народот може да тргне по своето’. Во партијата е направена проценка дека ова е единствениот моќен аргумент со кој може подолгорочно да ‘го играат’ Ахмети. Односно, да го заплашат дека ќе носи огромна вина за евентуални последици по стабилноста и безбедноста на земјата, ако се прекрши коалицискиот принцип ‘победник со победник’, бидејќи тоа може да предизвика народно незадоволство, кое, наводно, никој не ќе може да го контролира“, посочуваат овие извори.

Всушност, тие и не кажуваат ништо повеќе од она што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ лично им го соопшти на дел од амбасадорите во земјава. Според соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, ваквиот став бил искажан и на средбата на Груевски со амбасадорката на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен. На прашањето од амбасадорката – доколку СДСМ формира Влада, дали истата ќе биде прифатлива за ВМРО-ДПМНЕ, од партијата одговориле: „Секоја партија која носи одлука за формирање коалиција без партијата која добила најмногу гласови и најголема поддршка од народот на изборите, треба да знае дека во исто време носи одлука да се соочува со проблеми во иднина својствени на ситуации кога се игнорира волјата на мнозинството граѓани“.

Да се крева врева.

Ваквиот став на Груевски во изминатите денови се преџвакува и дистрибиуира преку јавни личности поддржувачи на партијата, најчесто на социјалните мрежи, што создава тензии и перцепција дека „само што не пукнало“. Последната меѓу нив, „колку чини пластичен експлозив на црниот пазар“, напишана на ФБ од македонски актер, ја засили перцепцијата дека нешто се подготвува. Но, нашите соговорници тврдат оти освен (ин)директно поттикнување и помалите етнички заедници да се спротивстават со свои платформи или да реагираат против албанската, и обид за мобилизација на протести слични на декемвриските пред седиштетото на ДИК, сигурни се дека нема никаква енергија за нешто „поголемо“.

„Не е исто кога партијата е на власт или во опозиција. Ако се договори влада меѓу СДСМ и ДУИ, многу тешко ќе може да им се нареди да дојдат на протести на сите што претходно беспоговорно доаѓале, ажурирани на список и со потврда на присуството. Најтипичен е примерот со вработените во администрација. Ќе се решат ли тие на отсуство од работа заради протести, ако со тоа си го ризикуваат работното место, кое коалицијата не ќе може да им го заштити како преходно? Зошто да бидат глинени гулаби?“, реторички прашуваат соговорниците. Таквите сознанија биле искалкулирани во коалицијата, поради што се сметало дека барем заканата од масовно незадоволство треба да изгледа што поуверливо.

Овие извори откриваат и дека „се под силен притисок од нивното членство да не одобруваат и да не учествуваат во хушкачки сценарија и политики“, а доколку истите продолжат, од нив се барало „да се репозиционираат кога во парламентот ќе се гласа за состав на новата влада“, што и нив ги става пред важни одлуки, ако состојбите добијат несакан прaвец.

Воздржаност кај преговарачите

Заканите со војна доаѓаат во период кога се очекува ДУИ да се изјасни дали ја прифаќа предлог- програмата што Заев му ја достави на Ахмети. Како ќе се ближи денот на одлуката, се проценува дека тие сѐ повеќе се засилуваат. Од ДУИ неколку пати досега повторуваа дека не брзаат со одлуката, бидејќи ќе мора да ги анализираат сите предности, но и последици што би произлегле од неа. Едната од нив е и можноста од „народно незадоволство“, но сметаат дека доколку тоа биде мобилизирано и поттикнато од партија што евентуално ќе остане во опозиција, работите може да се гледаат и од другата страна на медалот: ќе се потврди дека партијата што го предизвикува мирот и стабилноста, не заслужува да раководи со иднината на земјата. Сепак, признаваат дека и заканите со ваков можен развој на настаните, придонесле за долгото, „белгиско“ одлучување за состав на влада.

Од синоќа се започнати првични консултации по прашањето дали програмата на СДСМ е прифатлива, а конечната одлука треба да ја донесе Централното претседателство на ДУИ. Во моментов владее воздржаност во двете партии.

„Нашите очекувања се дека повратниот одговор ќе бидат потписите за состав на Владата“, кусо изјави вчера портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Запрашан дали има рок до кога ќе го чекаат одговорот, тој рече: „Секој политички субјект во Република Македонија треба да е свесен и одговорен за тежината – и државна, и политичка, и општествена, во која се наоѓа Република Македонија. Согласно со тоа треба да ги носи сопствените одлуки и да ја понесе сопствената одговорност“.

Иако неофицијално се смета дека одлуката би можела да биде донесена до крајот на неделава, не е исклучено процесот да трае и подолго, меѓу другото и заради амортизирање на хушкачките политики, за кои не е исклучено да стигнат јасни пораки и од меѓународни претставници.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …