среда , 28 јуни 2017
стопанска комора

Закони по нарачка на “Адвокатот на Фамилијата” – И Стопанската Комора на Македонија повторно со аргументирани критики за новиот закон за Нотаријатот и новиот закон за Извршување

Продолжуваат критиките за новиот закон за Нотаријатот и новиот закон за Извршување донесени со силна подршка на Адвокатската комора на Македонија каде “случајно” претседател е Никола Додевски.

Стопанската Комора на Македонија на 05.06.2017 одржа прес конференција на која посочи дека генералната оценка на компаниите е дека решенијата кои се воведени со овие два закона предизвикуваат негативни импликации врз работењето на деловните субјекти.

Главниот заклучок кој може да се извлече е дека со овие два нови закони се воведува задолжителна вклученост и ангажирање на адвокатите во едноставните и неспорните постапки, со што граѓаните и стопанските субјекти се изложени на дополнителни трошоци, а во исто време го комплицираат и отежнуваат нивното секојдневното работење и функционирање во правниот промет.    

И претходно овие два закони беа остро критикувани од Нотарската комора и стручната јавност, од каде беа слушнати и бројни коментари за противуставноста на истите.

Се чини, единствен бенефит од ваквите поставените законски решенија имаат Адвоките канцеларии кои ги застапуваат големите компании како ЕВН Македонија, Македонски Телеком или Јавните комунални претпријатија во државна сопственост. Ваквите предмети се во огромен број имајќи во предвид дека се однесуваат на комунални услуги.

По игра на случајност Адвокатската канецеларија на Никола Додевски застапува најзначаен број од претходно споменатите компании и јавни претпријатија во државава, генерирајќи огромни профити на штета на обичните граѓани и стопанските субјекти.

Легитимно се поставува прашањето за судирот на интереси, имајќи во предвид што истиот Адвокат ги застапува, и веројатно и во иднинина ќе ги застапува, најголем број од државните функционери и директори на претпријатија во државна сопственост. Истите оние кои најпрво му ги протуркаа предметните спорни закони, за потоа да ја ангажираат неговата адвокатска канцеларија за илјадниците предмети од комунална природа.

Во продолжение проследете ја и прес конференцијата на М-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанска комора на Македонија.

Слични написи

nbrm-zgrada-s

Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата петта седница

Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата петта седница, на која …