понеделник , 23 октомври 2017
sobraniep

Законот за јазици денеска во Собрание

Денеска во собранието се расправа за предлог законот за употреба на јазиците. По првото читање на законот и по општата расправа пратениците ќе одлучат дали Предлог законот е прифатлив и може да може да се даде на натамошно читање.

Ако Собранието одлучи дека предлогот на законот е прифатлив и може да се даде на натамошно читање се продолжува со законодавната постапка, во второ читање на предлогот, кога и се поднесуваат амандмани.

Предлог законот веќе помина во Комисијата за европски прашања и за политички систем.

Главните забелешки на опозицијата беа што тој носи европско знаме, што според нив е само за да се забрза неговото донесување, иако нема врска со европската агенда и бараат поширока дебата во јавноста за ова законско решение.

Од владејачка СДСМ пак, тврдат дека законот не задира во унитарноста и дека во Македонија постои политички консензус дека не треба да се менува карактерот на државата, додека пак изјавите за кантонизација или федерализација се само политикантски изјави со кои може да се повтори 27 април.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …